„Неовластено влегување во воени објекти и правење на скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, е кривичното дело, за кое МВР го сомничи 30 годишнитот државјанин К.Р.Џ, кој во понеделникот неволастено влегол во касарната „Илинден“, се движел низ неа и фотографирал.
Британецот бил приведен од полицијата, од каде што го однеле во Полициска станица – Карпош каде што бил испрашуван.
Од МВР, за „Република“ не откриваат дополнителни информации, освен дека по разговорот тој бил ослободен. Не објаснуваат ни во кои околности британскиот државјанин од Њукасал бил ослободен, ни дали е поднесена кривична пријава против него.
Објектот кој бил предмет на неовластено влегување е под надлежност на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, од чие министерство пак има целосен молк за скандалозниот случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Радмила Шекеринска не можат да бидат решение за проблемите во Република Македонија – тие се проблемот на оваа држава
-
Шекеринска: Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати
-
Шекеринска потврди: МО ќе оддели милион евра за кампањата за референдумот
-
Тонч за Шекеринска од 2010: Да сакаше СДСМ досега 10 пати ќе го променевме името