| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарската полиција уапси макроа кои тргувале со жени во Македонија

Бугарската полиција уапси криминална група која што вршела трговија со жени кои биле сексуално искористувани во Македонија, Италија и Германија.
Според прес ценарот на Министерството за внатрешниработи во Софија операцијата за апсење била изведена во североисточниот град Ботевград и била по супервизија на државниот Обвинител за специјални дела.
Уапсени се три лица со криминално досиеа а на полицијата и се познати поради учество во организирана проституција.
Полицијата во текот на операцијата влегла во 4 објекти во Ботевград и Правец при што биле одземени возила и документи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top