| четврток, 6 декември 2018 |

Захариев: Во Штип ќе има субвенциониран јавен градски превоз

Градоначалникот на Штип и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за истата функција, Илчо Захариев најави воведување на градски превоз, кој ќе биде еден вид на јавно-приватно партнерство со заинтересирани фирми на превозници, при што локалната самоуправа ќе субвенционира дел од патниот билет.

– Организирањето на јавен превоз во градот и приградските наслеби е важен проект за општината бидејќи ова е голем проблем за населението во Овчеполието, кон соседната општина Карбинци и во Лаквичко. Организацијата ќе биде направена на тој начин што локалната самоуправа ќе субвенионира 50% од автобуската карта. Ние веќе имаме и заинтересирани компании за тоа. Ќе имаме дневен превоз од Три Чешми, од Чардаклија секојдневно, како и од Стар Караорман, а ќе ја поврземе и општина Карбинци со секојдневен превоз од Таринци и Карбинци. Исто така ќе ги поврземе и населбите од градот, Баби, Сењак, Автокоманда со центарот на Штип, во делот на Лакавичко до селата ќе има секојдневен превоз а за Овчеполските села, Врсаково и Криви Дол ќе организираме превоз за време на викендите. Мислам дека на овој начин ќе се помогне и на учениците и на студентите и на пензионерите, рече тој.

Според Захариев, ќе се помогне и на руралните места каде многу граѓани имаат земјоделски површини и ги обработуваат за време на викендите. Деталите за проектот се во завршна фаза иако според првичните размислувања:

– Линиите до центарот на Штип ќе одат на половина час, автбусот ќе кружи и ќе тргнува од одредена позиција, најверојатно од Трговскиот центар, па преку населбите Осми ноември, Автокоманда, Сењак, Дузлак и Баби и ќе прави круг. 

Според Захариев, само со оваа линија ќе се поврзе највиталниот дел на градот каде живеат 30.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top