Јусеин Болт истрча фантастични 19 секунди и 79 стотинки на патеката од 200 метри во Осло и потврди дека се враќа во препознатливата форма што го прави најбрз човек на планетата. Со овој резултат го урна рекордот на патеката во главниот норвешки град стар 17 години, до вчера во сопственост на Френки Фредерикс.
Болт имаше време и да се забавува, се сликаше на патеката во болид од Формула 1, а потоа на забавата беше и диџеј Болт. Тоа сега му е официјален прекар на профилот на „Твитер“. Диџеј Болт патем го постави и најдоброто време сезонава на 200 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.