| четврток, 6 декември 2018 |

Катица Ќулавкова:Имаме државен континуитет повеќе од некои стабилни држави

Ма­ке­дон­ски­от на­ци­о­на­лен иден­ти­тет е ре­ла­тив­но доц­на кон­сти­ту­и­ран и не е ин­те­гри­ран во све­ста на на­ро­дот. „Ма­ке­дон­ски иску­ше­ни­ја и дру­ги ог­ле­ди“ е нас­ло­вот на Ва­ша­та кни­га, ко­ја пос­лед­ни­ве де­се­ти­на го­ди­ни мно­гу остро и јас­но ја ски­ци­ра ма­ке­дон­ска­та ствар­ност оби­ду­вај­ќи се да ја де­фи­ни­ра таа на­ша не­оп­ход­на на­ци­о­нал­на стра­те­ги­ја. А, нај­че­сто­у­по­тре­бу­ва­ни­от збор во тие ана­ли­зи е ток­му збо­рот иску­ше­ние. Сме­та­те ли де­ка ма­ке­дон­ски­от на­ци­о­на­лен иден­ти­тет е пред се­ри­оз­но иску­ше­ние?

-Ко­га ре­ков де­ка ма­ке­дон­ски­от на­ци­о­на­лен иден­ти­тет е ре­ла­тив­но доц­на конституиран, мис­лев на ле­ги­ти­ми­ра­ње­то на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет во кон­ти­ну­и­тет со др­жав­ни­те и на­ци­о­нал­ни ин­сти­ту­ции, што по­себ­но е проб­ле­ма­тич­но во 19 век, ко­га поч­ну­ва­ат же­сто­ки кам­па­њи про­тив Ма­ке­дон­ци­те и за осво­ју­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја во но­во­ком­по­ни­ра­ни­те на­ци­о­нал­ни др­жа­ви на Бал­ка­нот, ко­га Ма­ке­дон­ци­те за да го за­шти­тат го­ли­от оп­ста­нок би­ле при­ну­ду­ва­ни да се из­јас­ну­ва­ат  ка­ко кој ќе по­ба­ра од нив. Ег­зи­стен­ци­јал­ни­от страв кај Ма­ке­до­не­цот вли­ја­ел, а и де­нес вли­јае врз од­лу­ки­те за нив­ни­от иден­ти­тет, врз мно­гу под­мол­ни про­це­си на кон­вер­зи­ја. Факт е де­ка Охрид­ска­та ар­хи­е­пи­ско­пи­ја со ве­ко­ви, до кра­јот на 18 век, вр­ши еден вид суп­сти­ту­ци­ја на ма­ке­дон­ска­та др­жав­ност, па не мо­же да се ре­че де­ка има­ме це­ло­сен др­жа­вен ди­скон­ти­ну­и­тет. Има­ме ду­ри и по­ве­ќе од не­кои на­ро­ди што де­нес има­ат ста­бил­ни др­жа­ви, кои ни­кој не ги не­ги­ра. Но, и са­ми­те не сме свес­ни за зна­че­ње­то на ма­ке­дон­ски­те кул­тур­ни и хри­сти­јан­ски ин­сти­ту­ции, кои го за­шти­ту­ва­ле и го раз­ви­ва­ле ма­ке­дон­ски­от кул­ту­рен, ја­зи­чен и ет­нич­ки иден­ти­тет.

(Целото интервју можете да го прочитате во најновиот број на „Република“ кој е веќе во продажба)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top