| четврток, 6 декември 2018 |

Предавање на професорот Далмеида од Сорбона на тема „Светската пропаганда и манипулација – некогаш и сега“

По повод десетгодишниот јубилеј на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, европска, филмска, театарска и танцова академија – Скопје на 18 септември, во 11:30 часот, во салата на Кинотека на Македонија, професорот од Сорбона, Фабрис Далмеида, ќе одржи инаугурално предавање со кое ќе го одбележи почетокот на академската година на тема „Светската пропаганда и манипулација – некогаш и сега“.

Фабрис Далмеида е еден од најбрилијантните интелектуалци на европскиот и светскиот простор, чии дела „Историја на светската пропаганда“, „Медиумите и глобализацијата“, „Историја на француските медиуми“, „Монденскиот живот за време на Нацизмот“, „Изворите на нечовечкото во модерната историја“, се објавени на повеќе светски јазици, а самиот тој е автор на исклучително храбри истражувања, кои постигнале голем успех на најгледаните телевизиски мрежи.
Покрај неговата универзитетска кариера, тој е долгогодишен директор на Институтот за историја на сегашноста и автор на бестселерот „Кратка историја на XXI век“. Носител е на многубројни интернационални признанија, а непосредно пред неговото предавање, ректорот Јордан Плевнеш, ќе го прогласи за почесен професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top