| четврток, 6 декември 2018 |

Плевнеш избран за редовен член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите

Во составот на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите се плејада на научни и уметнички творци од сите земји на Стариот континент, од кои дваесеттина нобеловци од природните науки. Најпознати творци на модерните времиња, од Фредерико Фелини, до Клод Леви-Строс, се вбојуваа меѓу членовите на оваа престижна институција, а во нејзиниот актуелен состав е и МариоВаргас Љоса, носител на Нобеловата награда за литература

На последното генерално заседание на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, на предлог на претседателот Жан-Патрик Конрад, професор на Ројал колеџ од Лондон, познатиот македонски писател со интернационално реноме Јордан Плевнеш едногласно е избран за редовен член на академијата.

Европската академија на науките, уметностите и книжевностите со седиште во Париз, е формирана во седумдесеттите години на ХХ век, во знакот на визијата на Леонардо Да Винчи, дека „синтезата меѓу научното и уметничкото творештво е основа на европската цивилизација“.

Во составот на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите се плејада на научни и уметнички творци од сите земји на Стариот континент, од кои дваесеттина нобеловци од природните науки. Најпознати творци на модерните времиња, од Фредерико Фелини, до Клод Леви-Строс, се вбојуваа меѓу членовите на оваа престижна институција, а во нејзиниот актуелен состав е и МариоВаргас Љоса, носител на Нобеловата награда за литература.

Во чест на номинацијата на Јордан Плевнеш, во Скопје ќе допатува претседателот Жан-Патрик Конрад, и ќе учествува на дводневниот интернационален симпозиум што ќе се одржи на 20 и 21 февруари,  на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје, кадешто ќе настапи со темата „Хамлет и Европа – Да се биде или не“.

На истиот симпозиум Плевнеш ќе зборува на темата „Хамлет и Македонија – Да се биде или не“.

Пристапното предавање на Плевнеш за Европската академија на науките, уметностите и книжевностите ќе се одржи на Универзитетот Пантеон-Асас на Сорбона на крајот на април 2017 година, на тема „Драматургијата на глобалниот политички терор – земи или остави“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top