Француската државна телевизија во рубриката Геополис објави опсежно интервју со македонскиот писател со интернационално реноме Јордан Плевне, ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА- Скопје.
Првиот дел на интервјуто што го води познатиот француски новинар Ролан Рибадо-Дима е посветен на меѓународните огласи од романот „Осмото светско чудо“, чиешто прво издание беше објавено на француски, од издавачката куќа „Table Ronde“ што е дел од престижниот Galimard. Имено, новинарот истакнува дека овој роман доживеа изданија на петнаесетина јазици и дека е сон на еден балкански Дон Кихот, што го бара местото на Македонија на мапата на светот.
Во вториот дел на интервјуто, Плевнеш зборува за македонскиот идентитет којшто започнува со „европската пролет на народите“ во средината на 19 век, со македонската преродба, Илинден и Крушевската република, доживувајќи ја својата историска круна со асномска Македонија во 1944г., и прогласувањето на самостојна Македоија во 1991 г. Низ одговорите на Плевнеш се отвора темата на Македонија како „европска лабаратиорија на Балканот“, во која сите придобивки што се на некој начин идеал на основачите на Европската унија се остваруваат токму во Македонија. Плевнеш вели дека создавањето на Република Македонија е една од најголемите придобивки од европеизацијата на Балканот и неговата трансатлантска инеграција. На прашањето на новинарот Дима поврзано со активностите на Плевнеш како претседател на фестивалите на Југоисточна Европа во Париз и Берлин (SEE a Paris, SEEFF a Beriln), Плевнеш истакнува дека во последните десетина години, голем број на балкански интелектуалци, и од српските, и од албанските, и од бугарските научни и културни кругови, ја поддржуваат иманентно македонската идеја, дека шовинизмот и хегемонизмот на Балканот немаат никакви шанси во заокружувањето на процесот на влегувањето на земјите од Западен Балкан во европската фамилија на народите.
Линк од интервјуто на Плевнеш за француската телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!