Марија Шарапова знае како ќе изгледа и на терените на Ол-Ингланд клубот, каде што се организира најценетиот светски тениски турнир, Вимблдон. Русинката изгледа убаво и според крутите правила што важат од постоењето на Вимблдон, каде што опремата мора да е во бела боја.
Турнирот ќе почне на 24 јуни. Марија се сликаше во ново руво, им се претстави на симпатизерите преку својот профил на „Твитер“, а вели дека е подготвена за атак на втората титула на Вимблдон.
Како 17-годишна тинејџерка направи огромна сензација во 2004 година кога го освои трофејот на турнирот, со импресивна победа над Серена Вилијамс од 6-4, 6-1 во финалето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



