Во тензична атмосфера во каталонскиот Парламент, каталонскиот лидер Пуџдемон соопшти дека Каталонија изгласа независност и повика таа да биде реализирана преку дијалог со Шпанија под меѓународно посредништво.
– Каталонија е европска земја, не зборуваме за уцени, ние имаме обврска по референдумот да ја намалиме тензијата, а не да ја зголемуваме. Вака постапуваат луѓето кои сакаат историјата да ги почитува. Ќе воспоставиме дијалог денес. Многумина ми предлагаа многу предлози за иднината. Благодарам за сите овие совети. Ова не е моја лична одлука, туку резултати од референдумот на 1 октомври. Ова беше референдум за самоопределување. Ќе зборуваме за резултатите, Парламентот на 1 октомври веќе одлучи за својата иднина. Тоа беше изборен ден, и штета е што помина со полиција и насилство, затворени гласачки места, тепани граѓани. Видовме страшни слики од тој ден. Повеќе од 2 милиони луѓе го надминаа стравот, излегоа од дома и гласаа и ризикуваа. Други 770.000 Каталонци можеа да гласаат но беа спречени. Сите направија најдобро што можеа. Ја изразувам мојата солидарност со сите кои повредени. Дејствијата на државата предизвикаа насилство. Многумина се уплашени од тоа што се случи и од тоа што може да се случи во иднина. Слушнавме дека многу компании го повлекоа својот бзинис надвор од Каталонија. Зборуваме за 600.000.000 евра кои се во прашање пред трансфер. За сите кои се исплашени сакам да им порачам да не се плашат и дека владата на Каталонија нема да дозволи тоа да влијае на луѓето. секогаш ќе ги почитуваме 7.5 милиони жители на Каталонија.
– Уставот дека ќе биде од 1978 добра основа за автономија. Сеуште се бориме за тоа.Секогаш се залагавме за транзиција и развој. Системот се развиваше до денес. Во 2005 големо мнозинство 88% од парламентот ги поддржаа процедурите за автономија, кои ги испративме во Мадрид, но добивме негативен одговор. Во 2006 година 1.900.000 гласачи се изјаснија за самостојна Каталонија, само 100.000 помалку од 2017 година.
– Шпанија се изјасни дека нашиот референдум е нелегален. Мора да го почитуваме валидниот закон во моментов. Шпанската влада се повлече еден чекор наназад во однос на каталонската независнот, како и кон финансиската независност на Каталонија. Резултатите покажаа што сакаат Каталонците. Иднината на Каталонија може да биде одлучена само од каталонските граѓани. Пробавме со дијалог како Обединетото Кралство да воспоставиме модел во Каталонија и Шпанија. Парламентот може да дебатира и натаму за резултатите од референдумот. Резултатите од референдумот се за самостојна држава и покрај целиот меѓународен притисок. Законот за референдум вели дека ако мнозинството гласа “ЗА”, Парламентот мора да ги прифати резултатите и да прогласи независност.
Каталонија мора да биде независна држава во форма на република, тоа се резултатите од референдумот. Дијалог за решение ќе иницираме со Парламентот за решение во следните недели. Ќе биде потребно време за дијалог со шпанскиот народ. Барам Каталонците да делуваат трезвено. Барам од медиумите и централната власт да се почитува желбата за дијалог со меѓународно посредување. Барам од ЕУ да ни помага и да се фокусира на основните човекови права кои мора да важат во овој процес. Има конфликт меѓу Каталонија и Шпанската држава, кој може да се реши по мирен пат, изјави Пуџдемон пред Парламентот.
Шпанските власти ја зајакнуваа безбедноста на аеродромите и железничките станици во Каталонија пред парламентарната седница.
Низ улиците на Каталонија е присутно силно полициско обезбедување.
Пред референдумот за независност на Каталонија на 1 октомври шпанските власти испратија дополнителни безбедносни сили во автономната област, со цел да се обидат да го спречат гласањето. Голем број од полициските службеници се уште се наоѓаат во Каталонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)