| четврток, 6 декември 2018 |

Славниот фудбалер во јавност ја понижи својата сопруга (Видео)

Фудбалерот и капитен на Интер, Мауро Икарди, ако судиме според видеото кое стана вирално на интернет, во најмала рака е маж со хирови.

Со своето непримерно однесување кон сопругата во јавност, Икарди предизвика голем негативен публицитет. Јавноста едноставно не може да поверува како фудбалерот се однесува кон својата жена пред други луѓе.

Икарди и Ванда беа на еден јавен настан кога фраерот ладнокрвно ја одби прегратката од својата сопруга која насмевната се обиде да го гушне.

Инаку, тие двајца пред неколку години се најдоа во центарот на љубовен скандал кога Икарди буквално му ја украде Ванда на својот некогашен најдобар пријател Макси Лопез, додека заедно играа во Сампдорија, а Ванда беше девојка на Лопез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top