Можете ли да замислите како би се чувствувале да одите по стаклен мост, на голема висина, во момент кога стаклото почнува да пука под вашите нозе? Веројатно “ќе ве удри срце” на самото место.
На интернет се појавила снимка од стаклениот мост во Кина, по кој одат група туристи. Мостот е поставен на висина од 1.179 метри над нивото на морето.
Во еден момент подот почнува да пука и водичот на групата во шок паѓа на колена, додека пукнатините под него стануваат поголеми и поголеми. Оваа застрашувачка сцена се случила на планината Таиханг во кинеската покраина Хебеј.
Откако настанала снимката, се огласиле и локалните власти, кои се извиниле и објасниле дека стаклото кое пука, всушност претставува провокација за посетителите.
Патеката, имено, била така направена што помали фрагменти од стакло биле поставени меѓу слоевите стаклени плочи, па кога се оди по дел на патеката, стаклото произведува звук и изгледа како да се крши под нозе.
Иако видео снимката предизивкала многу негативни реакции од корисници на социјалните мрежи во Кина, надлежните немаат намера да ги заменат овие плочи, бидејќи сакаат луѓето да го “доживеат тој хорор”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


