| четврток, 6 декември 2018 |

Невработените пребројани – како да се најде работа

mladinevraboteniКа­ко да се нај­де ра­бо­та? Ова пра­ша­ње си го по­ста­ву­ва­ат лу­ѓе­то што ре­дов­но се при­ја­ву­ва­ат во Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње, со на­деж де­ка не­ко­ја фир­ма ќе ги ан­га­жи­ра. Но, ра­бо­та актив­но ба­ра­ат са­мо 99 ил­ја­ди од не­вра­бо­те­ни­те, оста­на­ти­те 125 ил­ја­ди па­сив­но че­ка­ат вра­бо­ту­ва­ње. Ду­ри 28,8 про­цен­ти од не­вра­бо­те­ни­те се не­ква­ли­фи­ку­ва­ни, 17 про­цен­ти се ква­ли­фи­ку­ва­ни, 34,4 про­цен­ти се со сред­но обра­зо­ва­ние, 16,9 про­цен­ти со ви­со­ко и 2,8 про­цен­ти со ви­шо обра­зо­ва­ние.На­ја­ктив­но ра­бо­та ба­ра­ат лу­ѓе­то на во­зраст од 30 до 49 го­ди­ни.

За да има по­јас­на сли­ка, др­жа­ва­та ќе пре­зе­ме но­ви мер­ки и по­ли­ти­ки за на­ма­лу­ва­ње на не­вра­бо­те­но­ста.

– Во след­ни­от пер­и­од мно­гу кон­крет­но ќе поч­не­ме со кре­и­ра­ње со­од­вет­на по­ли­ти­ка, со­од­вет­на на стру­кту­ра­та оп­фа­те­на во две­те ка­те­го­рии, и со кре­и­ра­ње и фо­ку­си­ра­ње на по­себ­ни про­гра­ми за до­о­бу­ка и тре­нинг, а осо­бе­но зна­ча­ен фо­кус ќе се ста­ви на мла­ди­те лу­ѓе со нив­на це­лос­на под­го­то­вка во де­лот на обра­зо­ва­ни­е­то, но и во де­лот на пре­ква­ли­фи­ка­ци­и­те и до­ква­ли­фи­ка­ци­и­те со­од­вет­но на по­тре­би­те на па­за­рот на тру­дот – ве­лат вла­ди­ни­те ми­ни­стри.

 Го­лем ин­те­рес за вра­бо­ту­ва­ње во јав­ни­те прет­при­ја­ти­ја

Го­лем број ап­ли­ка­ции стиг­на­ле за ог­ла­сот за вра­бо­ту­ва­ње 1.600 ли­ца од со­ци­јал­но­за­гро­зе­ни ка­те­го­рии во јав­но­то прет­при­ја­тие „Ма­ке­дон­ски шу­ми“. Ди­ре­кто­рот Жар­ко Ка­ра­џов­ски ве­ли де­ка ин­те­ре­сот е огро­мен. Спо­ред не­го­ви­те прог­но­зи, до 22 ју­ни, до ко­га е крај­ни­от рок за ап­ли­ци­ра­ње, ќе при­стиг­нат пре­ку 30.000 ап­ли­ка­ции.

– По­стои огро­мен ин­те­рес, се­којд­нев­но стиг­ну­ва­ат мно­гу ап­ли­ка­ции. Гра­ѓа­ни­те до­а­ѓа­ат ов­де и ги под­не­су­ва­ат до­ку­мен­ти­те лич­но, ама има мно­гу мол­би што стиг­ну­ва­ат по по­шта – из­ја­ви Ка­ра­џов­ски.

Во сог­лас­ност со ог­ла­сот, се ба­ра­ат дол­го­роч­но не­вра­бо­те­ни ли­ца, ли­ца од мно­гу­дет­ни се­мејс­тва, са­мо­хра­ни ро­ди­те­ли и не­вра­бо­те­ни ли­ца од се­мејс­тва ка­де што не­ма ни­ту еден вра­бо­тен. Дел од вра­бо­те­ни­те ќе се рас­пре­де­лат во дру­ги др­жав­ни ин­сти­ту­ции, а дел ќе оста­нат на ра­бо­та во јав­но­то прет­при­ја­тие „Ма­ке­дон­ски шу­ми“ во два­та но­во­фор­ми­ра­ни се­кто­ра. Се оче­ку­ва но­ви­те вра­бо­те­ни да поч­нат со ра­бо­та нај­доц­на за два ме­се­ца.

spanija nevraboteni

Што се ба­ра на па­за­рот на тру­дот?

Ог­ла­си за вра­бо­ту­ва­ње се об­ја­ву­ва­ат еле­ктрон­ски, но и во пе­ча­тот. Ма­ке­дон­ски и стран­ски ком­па­нии ба­ра­ат најм­но­гу ра­бот­ни­ци. Глав­но во ог­ла­си­те мо­же да се нај­дат сло­бод­ни ме­ста за гра­деж­ни ра­бот­ни­ци, ма­га­ци­о­не­ри, во­за­чи. Се­пак, има и ком­па­нии што ба­ра­ат ме­на­џе­ри, ка­ко и де­лов­ни бан­ки кои ну­дат обу­ка и вра­бо­ту­ва­ње млад ка­дар. Спо­ред ста­ти­сти­ка­та на па­за­рот на тру­дот, во Ма­ке­до­ни­ја нај­ба­ра­ни ра­бот­ни­ци се мо­ле­ри­те, за­ва­ру­ва­чи­те,фа­са­де­ри­те и го­тва­чи­те. Спо­ред гло­бал­ни истра­жу­ва­ња, пак, во вре­ме на еко­ном­ска кри­за не­ма зи­ма за ме­на­џе­ри­те, фи­нан­си­ски­те со­вет­ни­ци, ме­на­џе­ри­те за чо­веч­ки ре­сур­си, сто­ма­то­ло­зи­те, те­ра­пе­вти­те. Се­ко­гаш има ра­бо­та за екс­пер­ти­те по ин­фор­ма­тич­ка тех­но­ло­ги­ја. Овој про­фил е не­оп­хо­ден за мно­гу ин­ду­стрии, а по­ба­ру­ва­ње­то за ИТ ка­дар е сè по­го­ле­мо.

Аген­ци­и­те ну­дат се­зон­ска ра­бо­та за со­бар­ки и за го­тва­чи

Ма­ке­дон­ци­те ма­сов­но ба­ра­ат ра­бо­та и над­вор. На­ме­сто Гр­ци­ја, Цр­на Го­ра и Хр­ват­ска, ка­ко што до­се­га бе­ше пра­кти­ка, се­га се акту­ел­ни арап­ски­те зем­ји. Шан­са­та да за­ра­бо­тат по­ве­ќе ја ба­ра­ат не са­мо мла­ди­те и не­вра­бо­те­ни, ту­ку и лу­ѓе што са­ка­ат да гра­дат ка­ри­е­ра. Спо­ред не­о­фи­ци­јал­ни број­ки, во Ка­тар и во Ду­баи се за­ми­на­ти на ра­бо­та око­лу 4.000 ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни. На­ја­кту­ел­ни и нај­ба­ра­ни про­фе­сии се го­тва­чи, шан­ке­ри, ме­на­џе­ри, про­да­ва­чи…

Пред­но­ста на овие зем­ји е тоа што, освен пла­та и здрав­стве­но оси­гу­ру­ва­ње, на вра­бо­те­ни­те им обез­бе­ду­ва­ат и ави­он­ски би­лет, сме­сту­ва­ње, хра­на и пре­воз. Во за­вис­ност од ра­бот­на­та по­зи­ци­ја, пла­ти­те се дви­жат ме­ѓу 500 и 1.000 до­ла­ри.

Аген­ци­и­те што по­сре­ду­ва­ат при вра­бо­ту­ва­ње ве­лат де­ка оние што ба­ра­ат ра­бо­та во арап­ски­от свет трг­ну­ва­ат од иде­ја­та да за­ра­бо­тат го­ле­ма су­ма па­ри за кра­тко вре­ме, ко­ја не би мо­же­ле ни­ко­гаш да ја за­ра­бо­тат во зем­ја­ва. По­сред­ни­ци­те при вра­бо­ту­ва­ње об­јас­ну­ва­ат де­ка во мо­мен­тот во со­седс­тво­то и во европ­ски­те зем­ји е мно­гу те­шко да се нај­де при­вре­ме­на ра­бо­та по­ра­ди кри­за­та. Цр­на Го­ра, ка­ко нај­че­ста лет­на де­сти­на­ци­ја за се­зон­ска ра­бо­та, ги на­ма­ли кво­ти­те за стран­ски ра­бот­ни­ци, а ако по­ра­но пла­ти­те се дви­жеа до 700 евра, се­га се на­ма­ле­ни за 40 про­цен­ти.

Спо­ред пос­лед­ни­те ин­фор­ма­ции од ма­ке­дон­ски­те ам­ба­са­ди, од Ма­ке­до­ни­ја во странс­тво за­ми­на­ле до 5.000 ра­бот­ни­ци со ра­бот­ни доз­во­ли. По­ло­ви­на­та од нив се во Сло­ве­ни­ја.

Пишува: Б.В.Т.

Текстот е објавен во 40-от број на неделникот „Република“ (7 јуни 2013)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top