
Успешната економска политика која се водеше досега од страна на ВМРО ДПМНЕ се уште ги испорачува резултатите. Овојпат позитивната рефлексија се покажува во делот на невработеноста која константно опаѓаше последниве години, благодарение пред се на привлекувањето странски инвестиции, кои апсорбираа голем дел од невработените. Последните статистички податоци покажуваат дека стапката на невработеност во земјава паднала на најниско ниво досега и во првиот квартал од годинава изнесува 22,9 отсто.
Државниот завод за статистика објави дека во првото тримесечје од 2016 година активното население во Македонија брои 952.644 лица, од кои вработени се 734.043, а 218.601 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,7 проценти, стапката на вработеност е 43,7 проценти, а стапката на невработеност изнесува 22,9 процента.
Податоците покажуваат дека невработеноста во земјава паднала на најниско ниво од осамостојувањето досега оти во речиси целиот период на самостојност стапката на невработеност во земјава рушела рекорди и се движела над 30 отсто. Анализата на податоците на Статистика покажува дека стапката на невработеност во првиот квартал од годинава била за 1,6 процентен поен пониска отколку во истото тримесечје од 2016 година, а 0,8 отсто пониска во однос на просекот од минатата година. Според бројките, во првиот квартал годинава, невработени се 218.601 граѓани или за 12.785 лица помалку од истиот период од 2016 година, а вработени се 734.043 лица или 19.608 лица повеќе отколку во истиот квартал лани.
Податоците на Државниот завод покажуваат дека процентуално поголем е бројот на невработени мажи отколку жени. Или и 61,5 проценти се мажи, а жени 38,5 проценти. Бројките велат и дека младите се најчесто на удар на невработеноста. Според возраста, најголема е стапката на невработеност кај младите лица од 15 до 24 години и изнесува 44,4 проценти, а по нив следуваат лица меѓу 25 и 49 години со 22,4 проценти невработени. Дури 44,4 проценти е стапката на невработеност на младите. Најмногу невработени лица се со средно четиригодишно образование – 102.094, со основно се 48.921 од невработените, а со високо образование се дури 43.612 лица. Статистиката покажува дека најмногу вработува преработувачката индустрија 138.416 лица, земјоделскиот сектор 120.894 лица и трговијата 113.511 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


