| четврток, 6 декември 2018 |

За рекет во Македонија: Изнудување на пари од фирми, основна алатка за финансирање на СДСМ

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром и претседател Општинската организација на СДСМ Аеродром, Златко Марин земал рекет од фирма, за што албанскиот портал Portalishkupi објави документ, за кој тврди дека е потпишан лично од Марин.

Според порталот, документот бил презентиран пред партиското раководство, а инфомиран бил и Зоран Заев.

Ова е скандал и покажува како функционира двоецот СДСМ-ДУИ, рекетира, уценува и зема илјадници евра од фирмите и бизнисмените кои мора да даваат пари за кампањата на власта, доколку сакаат да бидат поштедени од инспекции, но и со ветување дека после избори ќе бидат поштедени од секаков вид на контроли на државните инспекторати, пишува порталот.

Од документот се гледа дека Марин од фирма за компјутери земал 500 евра во кеш и 500 евра како репрезентација во кафеана. Одреден Дуле дал 300.000 денари. Познат ресторан имал отворено сметка за СДСМ за време на парламентарните избори и не се знае колку е потрошено, а таквата поддршка, како што пишува Portalishkupi, е ветена и за локалните избори.

Изрекетиран бил и друг ресторан каде што била отворена сметка за членовите на СДСМ, а била организирана и бесплатна забава за младите на таа партија. Градежна фирма, пак, била изрекетирана 1.000 евра, и исто така е ветен пропаганден материјал.

Во јавноста се шпекулира дека слични активности спроведуваат и други кандидати на СДСМ.

Ова се само дел од изрекетираните фирми од страна на двоецот СДСМ – ДУИ, ваквиот тип на работа е пример за сите општини каде овие две партии имаат интерес. Ниту една од овие фирми ја нема во списокот на донатори кои се пријавени од страна на СДСМ и ДУИ до државниот завод за ревизија, пишува Portalishkupi.

За скандалот, вчера, реагираше и Пане Антовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој истакна дека се работи за класични кривични дела за кои функционерите на СДСМ, треба да одговараат.

Фирмите кои се наведени во документот потпишан од Марин, не се наведени во листата на донатори на партијата, што значи дека истите се дел од црниот фонд на СДС и не се пријавени во извештајот на партијата до Државниот завод за ревизија. Граѓаните се прашуваат колку фирми се изрекетирани од страна на функционерите на СДС? Колку илјадници евра непријавени пари се слеани во кампањата на СДС? Граѓаните и фирмите се под притисок на раскалашената власт на СДС. На граѓаните и на фирмите им е преку глава да бидат заложници на рекетирање и обврската да плаќаат во црните фондови на партијата. Граѓаните ќе му стават крај на раскалашеноста на СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври, рече Антовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top