Вчера вечерта по 19 часот било искршено седиштето на движењето Беса во Куманово, објави Газета Лајм.
Овој инцидент се случил за време на митингот на оваа партија во Домот на културата во Куманово, при што биле искршени прозорците на штабот, а бил уништен и изборниот материјал кој бил поставен таму. Во моментот кога се случил инцидентот, седиштето било затворено.
Од движењето Беса велат дека нивниот штаб бил демолиран од исплашените противници.
-Нашите противници се исплашени затоа што митингот на движењето Беса во Куманово беше прекрасен, а Домот на културата беше претесен за да ги собери членовите и симпатизерите на Движењето БЕСА. Бараме од полицијата да ги открие сторителите на овој злобен инцидент, а нашето членство го повикуваме да не подлегне на провокациите – велат од гранката на Движењето БЕСА во Куманово. Случајот е пријавен во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.