| четврток, 6 декември 2018 |

Oштетени неколку штаба и билборди низ Македонија

Во текот на последните три дена неколку штабови и билборди на различни политички партии се оштетени.

Вчера во ЕИК Скопје е пријавено дека околу 11:30 часот од страна на полициски службеник, кој бил службено ангажиран, било забележано дека на ул. „Христо Татарчев“ каде е сместен предизборниот штабот на НСДП има оштетување со црн спреј на изложното стакло од просториите на штабот.

Извршено е фотографирање на местото на настанот

Попладнето во 17:52 М.Н. пријавил во ЕИК Скопје дека во штаб на СДСМ до црквата во с.Виниче, од страна на непознат сторител со употреба на сила скршена е влезната врата од објектот, влезено е внатре, направено е претурање, расфрлан е рекламен матријал, а дел е и одземен.

Ноќта меѓу вторник и среда, во точно неутврдено време, од страна на непознат/и сторител/и со камен извршено е оштетување на предно стакло од  предизборен штаб на Беса во с.Слатино општина Теарце.

Ноќва, пак, околу 03,00 часот во Скопје, на ул.„Ѓорче Петров“ кај поранешен „Баумаркет“ опожарен е билборд на кој има реклама од политичката партија ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top