| четврток, 6 декември 2018 |

Се појави нов сведок-пријателката на Јелена го руши Зоран!

Во истрагата за убиството на Јелена Марјановиќ се појави нов сведок чии сознанија дополнително фрлаат сомнеж на целиот случај. Исказот на сведокот, чие име се држи со тајност, укажува на тоа дека пејачката е убиена во петок на 1 април 2016 година, со што го става под знак прашалник тврдењето на Марјановиќ дека со ќерката Јана и сопругата во саботата на 2 април бил на насипот во населбата Црвенка во Борча.

Како што пренесуваат српските медиуми, новиот сведок е пријателка на Јелена Марјановиќ, која ги открила  новите детали за случувањата ден пред пејачката да исчезне.

-Пријателката на покојната Јелена сама се јавила на истражителите и раскажала дека последниот контакт со другарка и го имала во петок на 1 април. Имено таа рекла дека Јелена и се јавила тој ден да праша дали го прскала зељето кое го има во бавчата. Кога таа и рекла дека не го прска, пејачката се израдувала и рекла дека утредента ќе дојде кај неа бидејќи за викенд испланирала да прави сармички од зеље-објаснува извор информиран за целата истрага.

Другарка и на Јелена се израдувала што ќе ја види наредниот ден, па цел ден ја чекала.

-Знаејќи колку Јелена е прецизна и се држи до договорите, жената се изненадила кога во саботата таа не се појавила. Меѓутоа не ја повикала тој ден верувајќи дека нешто сериозно се случило, штом не дошла кај неа-рекол соговорникот.

Тој истакал дека исказот на пријателката на Јелена сериозно може да го доведе во прашање тврдењето на Зоран Марјановиќ дека во саботата со сопругата бил на насипот, како и дека го зголемува сомнежот дека несреќната жена била убиена во ноќат меѓу петокот и саботата.

-Засега се појавуваат два сведока кои тврдат дека последниот контакт со Јелена го имале во петокот, а дека во саботата со неа никој ниту се чул, ниту пак видел- рекол тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top