| четврток, 6 декември 2018 |

Зомби дрогата најопасна досега: Луѓето неконтролирано се движат и… (видео)

Триесет и три лица паднаа среде улица во Њујорк по конзумирањето на новата синтетичка дрога К2, позната и како „зачин“ или зомби дрога.

Сведоци раскажуваа дека овие дрогирани луѓе изгледале како зомби, а итната помош сите ги однела во болница. К2 е вид на синтетичка марихуана која и покрај забраната многу е раширена низ Америка во последните години.

-Се личеше како на сцени од филмовите за зомби. Навистина ужасно. Оваа дрога ги парализира луѓето, рече Брајан Артур кој гледал како луѓето паѓаа по улица.

K2 е посебно популарна меѓу бездомниците, а спацифична е по тоа што кај луѓето предизвикува целосно губење на контрола врз движењето па по конзумирањето луѓето лутаа, а често и паѓаат на под.

 

извор: засе.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top