За последните пет години, вкупните приходи на сите нотари во земјава изнесуваат 90 милиони евра, додека добивката изнесува 41 милиони евра, покажуваат податоците добиени од Централен регистар, пишува порталот „Фактор.мк“
Анализата на Фактор покажува дека, нотарката Анета Петровска Алексова имала приходи од 2,8 милиони евра и добивка од 1,5 милиони евра. Петровска е нотар која четири години е прва на листата „Десет нотари со најголеми приходи во последните пет години“ а една година се наоѓа на трето место.
Нотарката Ана Брашнарска, во сите пет години назад се наоѓа на листата на „Десет нотари со најголеми приходи во последните пет години“. Па така, нејзините вкупни приходи за пет години изнесуваат 2 милиони евра, а нејзината добивка е 1,2 милиони евра.
И нотарката Анастасија Петреска во сите пет последни години се наоѓа на листа „Десет нотари со најголеми приходи во последните пет години“. И нејзините вкупни приходи за пет години изнесуваат 1,9 милиони евра а добивката 1,2 милиони евра.
Во последните пет години, постојано на листата „Десет нотари со најголеми приходи во последните пет години “се наоѓа нотарката Елена Пенџерковски. Таа за пет години има вкупни приходи од 1,4 милиони евра а добивка од 381 илјади евра.
Нотарот Зафир Хаџи Зафиров четири години е на листата „Десет нотари со најголеми приходи за последните пет години“. За тие четири години неговите приходи изнесуваат 1,7 милиони евра а добивката 697 илјади евра.
Нотарката Зорица Пулејкова, исто така четири години, се наоѓа на листата на „Десет нотари со најголеми приходи за последните пет години“. Нејзините вкупни приходи изнесуваат 1,2 милиони евра а добивката 533 илјади евра.
Изминатите пет години на листата „Десет години со најголеми приходи“, се свртеле имиња на 17 нотари, од околу 170 колку што постојат.
НАЈПЛАТЕНИ НОТАРИ ВО 2012 ГОДИНА
Во 2012 година, во нотарската дејност се свртеле 16,3 милиони евра приходи, и добивка од 8 милиони евра. При тоа, на сметките на десетте нотари со најголеми приходи се слеале вкупно 3 милиони евра приходи и добивки од 1,6 милиони ера. Или тоа значи дека во просек, секој од нив имал приходи од 300 илјади евра и добивка од 160 илјади евра.
Анализата на финасиската кондиција на десетте нотари со најголеми приходи покажува разлики во сумите. Па така, нотарката Анета Петровска Алексова имала приходи од 551,9 илјади евра и добивка од 345, 7 илјади евра. Веднаш зад неа е нотарот Златко Анѓеловски со приходи од 351, 5 илјади евра и добивка од 193,7 илјади евра, а на трета на листата е нотарката Елена Пенџерсковски, која имала приходи од 339,4 илјади евра, и добивка од 135,3 илјади евра.
НАЈПЛАТЕНИ НОТАРИ ВО 2013 ГОДИНА
Во 2013 година во нотарската дејност се свртеле 17,5 милиони евра вкупни приходи и вкупна добивка од 8,5 милиони евра. На сметките на десетте нотари со најголеми приходи легнале 3,6 милиони евра приход и 1,9 милиони евра добивка.
И во 2013 година, на листата нотари со најголеми приходи се наоѓа Анета Петровска Алексова, која имала приходи од 568,5 илјади евра, и добивка од 301,6 ијади евра. Втора на листата е Ана Брашнарска со приходи од 477,9 илјади евра и добивка од 304,9 илјади евра, а трет на листата е нотарот Златко Николовски кој имал приходи од 404,4 илјади евра и добивка од 247,3 евра.
НАЈПЛАТЕНИ НОТАРИ ВО 2014 ГОДИНА
Во 2014 година во нотарската дејност се свртеле приходи од 17,4 милиони евра и добивка од 8,2 милиони евра. При тоа, десетте нотари со најголеми приходи имале вкупен приход од 3,2 милиони евра, додека нивната вкупна добивка била 1,5 милиони евра.
И во 2014 година нотарката Анета Петровска Алексова е прва на листата со најголеми приходи. Односно нејзините приходи изнесуваат 591,7 илјади евра а добивка од 346,6 илјади евра. Втора на листата е Анастасија Петреска со приходи од 394,9 илјади евра и добивка од 255,1 илјади евра, а трет на листата е Зафир Хаџи – Зафиров со приходи од 339,8 илјади евра и добивка од 90,4 илјади евра.
НАЈПЛАТЕНИ НОТАРИ ВО 2015 ГОДИНА
Во 2015 година во нотарската дејност се свртеле 19,2 милиони евра, и добивка од 8,4 милиони евра. При тоа, вкупните приходи на десетте нотари со најголеми приходи изнесуваат 4 милиони евра, додека нивната вкупна добивка е 1,8 милиони евра.
Во 2015 година, повторно, нотарката Анета Петровска Алексова е прва на листата нотари со најголеми приходи. Нејзините приходи изнесувале 654, 2 илјади евра,а добивката е 348,9 илјади евра. Веднаш зад неа е Зафир Хаџи- Зафиров, со приходи од 530,5 илјади евра, и добивка од 211 илјади евра, а трета на листата е Анастасија Петреска со приходи од 462 илјади евра и добивка од 272, 2 илјади евра.
НАЈПЛАТЕНИ НОТАРИ ВО 2016 ГОДИНА
Во 2016 година во нотарската дејност се свртела сума од 19, 7 милиони евра, и добивка од 8,5 милиони евра. При тоа, на сметките на десетте нотари со најголеми приходи имало сума од 4,1 милиони евра како приход додека добивката што тие ја оствариле изнесува 1,8 милиони евра.
Минатата година, за разлика од претходните четири, прв на листата со најголеми приходи се јавува нотарот Зафир Хаџи Зафиров, кој имал приходи д 641,4 евра, додека добивка од 344, 3 евра, следна е нотарката Ана Брашнарска со приходи од 608, 3 илјади евра и добивка од 365 илјади евра, а трета е Анета Петровска Алексова со приходи од 465,2 илјади евра и добивка од 213,3 илјади евра.
извор: Фактор.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заработка до 20.000 евра по хектар: Сега е вистинско време да ги засадите овие плодови!
-
Овие професии носат голема заработка
-
Се продаваат подароците од свадбата на Меган и Хари: Менаџерката Клер Оливер заработила на e-bay 20 000 фунти
-
Пред 10 години останала без работа, а денес има приход од 4000 евра