| четврток, 6 декември 2018 |

Мистерија околу местото на убиството-кучињата трагачи го рушат алибито на Марјановиќ!

Истрагата околу убиството на Јелена Марјановиќ, која трае повеќе од година и половина и апсењето на нејзниот сопруг Зоран, кој засега е единствен осомничен, не го расветлија во целост ова злосторство.

Едно од главните неразјаснети прашања е каде пејачката е убиена. Тврдењето дека е усмртена на насипот, каде е и пронајдена еден ден по исчезнувањето, го побија кучињата трагачи.

Имено откако сопругот на пејачката го пријавил нејзиното исчезнување, полицијата излегла на терен и го прочешлала целиот насип. Во таа прилика ангажирани биле и кучиња трагачи, а членовите на семејството Марјановиќ им дале облека на Јелена, како кучињата би ја помирисале и откриле каде се наоѓа.

Фактот дека кучињата не ја нашле без сомнение укажува дека таа и не била таму.

-Невозможно  е овие кучиња, кои се обучени за таа работа да не го почувствуваат мириост на пејачката.Недалеку од телото пронајдени се нејзиниот телефон и дел од тренерката. Кучињата би ги намирисале. И не само тоа. Би ја намирисале и неа без оглед што била во вода- објаснуваат експерти.

Според нив телото на Јелена дополнително е донесено на местото на кое е пронајдено.

-Отакако е пријавено нејзиното исчезнување на 2 април, членовите на семејството и полициските службеници долго во ноќта трагале по пејачката, но после неколу часа потрагата била прекината. Убиецот го искористил моментот кога насипот бил празен и го донел телото пред да се раздени, а полицајците да се вратат на насипот. Интересно е што телото е пронајдено околу 12 часот на пладне наредниот ден на место покрај кое претходниот ден поминале којзнае колку луѓе. Исто така сомнежот на експертите ги потврдува и тоа што никој од присутните не го чул телефонот, иако тој не бил изгаснат, а многумина ја повикувале за време на потрагата-рекол извор од истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top