| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет работи кои се забранети во Северна Кореја

Диктаторскиот режим на Ким Џонг Ун ги ограничува животите на граѓаните на таа земја. Па така, освен што е забрането да се верува во Бога, забранети се уште многу други работи, како на пример Северна Кореја да ја наречеш Северна Кореја.

Што друго е забрането во С. Кореја?

1.Верба во Бога – пред четири години 80 христијани биле јавно стрелани бидејќи поседувале Библија.

2. Да не излезете на гласање – гласањето за една опција, се разбира, е обврчувачки.

3. Носење џинс – се поврзува со најголемиот непријател на С. Кореја – САД.

4. Гледање погрешни канали – доволно е да се гледа само државниот канал кој емитува пропаганда.

5. Бегање од затвор – ова е забрането секаде во светот, но ако тоа го направите во С. Кореја, сте ги осудиле следните четири генерации во семејството на казна која државата ќе им ја одреди.

6. Читање книги.

7. Правење грешки – неодамна еден уредник е убиен бидејќи направил правописна грешка.

8. Пребарување по интернет – дозволени се само одредени веб-страници.

9. Алкохол – дозволен е само во одредени денови.

10. Напуштање на земјата – ако некој побегне или па го најдат, ќе го вратат во земјата и ќе го погубат. А можеби и семејството ќе настрада.

11. Прашањето: Кога се родил Ким?

12. Порнографија – ако гледате такви содржини, осудени сте на директна егзекуција.

13. Да ја наречете Северна Кореја Северна Кореја – Никако! Демократска Народна Република Кореја.

14. Возење – генерално не постојат многу автомобили во С. Кореја, отприлика еден на илјада жители.

15. Сарказам – а често и хумор.

16. Критика на власта – си обезбедивте карта за во рајот.

17. Меѓународни повици – секој кој се обидел да стапи во контакт со роднини во Јужна Кореја е убиен.

18. Ајфон, андроид, компјутер.

19. Слушање музика – дозволена е музиката која ја одобрил режимот.

20. Симнување на пропагандните постери – сетете се како помина несреќниот Американец кого го осудија на години тешка работа во затвор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top