| четврток, 6 декември 2018 |

Смртниот грев на вицепремиерот: Го убиле зошто заспал додека зборувал Ким Џонг Ун

Севернокорејскиот вицепремиер одговарен за образованието Ким Џонг-џин е егзекутиран, информираа светските агенции, цитирајќи го јужнокорејското Министерство за национално обединување.

Тој бил погубен затоа што покажал непочитување, односно заспал за време на состанок со кој претседавал Ким Џонг Ун.

Ким Џонг -џин е осуден затоашто заземал лоша поза додека седел пред говорницата на седница на севернокорејскиот парламент, поради што е покрената истрага, во која се откриени и други кривични дела“, се наведува во соопштението за јавноста, пренесува Танјуг.

Во соопштението се наведува дека вицепремиерот „го предизвикал гневот на претседателот Ким затоашто задремал за време на состанок, поради што е уапсен на самото место и приведен на интензивно испитување во Министерството за државна безбедност.

– Ким е стрелан како антипартиски и антиреволуционерен агитатор, изјави неименуван функционер на Министерството.

Освен тоа, двајца високи државни функционери добиле укори.

Според јужнокорејското Министерство за национално обединување Ким Јон-чол, кој го предводи севернокорејскиот оддел на Обединетиот фронт, одговарен за меѓукорејските односи, бил „подложен на револуционерни мерки“, додаваат британските медиуми.

Американските медиуми пренесуваат дека двајцата високи функционери се испратени во земјоделски реони „на превоспитување“.

Соопштението на министерствотото во Сеул ги следи медиумските информации дека во Северна Кореја претходно овој месец биле егзекутирани двајца високи функционери затоа што одбиле да му се потчинат на лидерот Ким Џонг-ун.

Доколку овие информации се покажат за точни овие егзекуции и казни ќе бидат најнови во серијата убиства, чистки и смени, извршени откако Ким Џонг-ун ја презеде власта, на крајот на 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top