| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Џонг Ун подготвен да истрела нова балистичка ракета

Јужнокорејските медиуми јавија денес дека јужнокорејската војска верува оти Северна Кореја е подготвена да лансира нова балистичка ракета, најверојатно интерконтиненталната  ICBM.

Како што е наведено од јужнокорејското Министерство за одбрана, Јужна Кореја детектира знаци дека Сверена Кореја се подготвува да лансира нова ракета константно од претходно лансираната од неделата.

Како што известила новинската агенција Јонхап, се проценува дека нуклеарниот тест на Северна Кореја изведен во неделата имал јачина од 50 килотона, соопшти  јужнокорејското Министерство за одбрана пренсоа светските агенции.

Тоа значи дека најновата нуклеарна проба била пет пати посилна од претходно изведената минатиот септември.

Абе и Мун договораат остри санкции на ОН против Северна Кореја.

Јужнокорејскиот претседател и јапоснкит премиер се согласиле денес да бараат остри санкции од Обединетите нации против Северна Кореја, откако Пјонгјанг спроведе шеста нуклеарна проба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top