ВМРО-ДПМНЕ се уште ужива најголем рејтинг кај граѓаните, а кандидатите за градоначалници на оваа партија уживаат најголема поддршка. Тоа го потврди Институтот „Димитрија Чупоски“ кој направи анкета на јавното мислење на репрезентативен примерок од од 850- 1.200 испитаници. Анкетата била спроведена од 4 до 6 октомври оваа година.
Анкетата се спроведе на ниво на цела држава и поедничено во неколку општини кои беа предмет на нашата анализа. Во предвид беа земени демографските карактеристики, вклучително пол и возраст, припадност кон етничка заедница, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење. Во приказот достапен за јавност направена е споредба меѓу кандидатите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, освен на прашањето за вкупните рејтинзи на политичките партии на ниво на држава каде се вклучени сите политички субјекти.
Дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори се изјасниле 38,6 % од испитаниците. За СДСМ поддршка би дале 21,8 %.
Од кандидатите за градоначалници на Скопје, највисок рејтинг има актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски. Дека за него ќе гласаат се изјасниле 36,2%, а за неговиот противкандидат од СДСМ, Петре Шилегов ќе гласаат 26,1% од граѓаните.
Она што може да се заклучи од анализите е предност на кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Нестандардните гласачите кои излегоа на минатите избори, а кои беа пасивни минатите изборни циклуси, многу веројатно е дека на овие локални избори нема да излезат да гласаат. Кај албанското гласачко тело постои револт кон партијата на власт СДСМ, поради коалицирањето со ДУИ кои ја перцепираат како партија која долги години е на власт. Постои и 2.8 осто скриени гласачи кои не го соопштуваат своето мислење, а веројатно на денот на избори да се определат за опзициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија.
Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ со најголема поддршка во скопските општини Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром, Гази Баба, Бутел.
Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ уживаат најголема доверба и во поголемите градови ширум Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)