| четврток, 6 декември 2018 |

За живот младите заминаа од Македонија

Статистиката покажува дека од јуни до септември оваа година од државава се исселиле 31.170 млади лица. Ако се следи движењето на младите, може да се забележи дека просечната старост на исселените се движи од 18 до 37 годишна возраст, значи токму онаа старосна категорија која е во полн работен капацитет и која најмногу може да придонесе за развојот на државата, односно лица кои треба да бидат двигатели на општеството, а масовно заминуваат во странство.

Главната причина за исселувањето на младите е бесперпективноста во државава. Додека Зев ветува живот во Македонија, младите тој живот си го бараат надвор од државава.Тоа значи дека ветениот живот за младите ќе остане само уште едно од многуте лажни и неисполнети ветувања на Владата на СДСМ. Младите коментираат дека наместо големите ветувања кои ги добија од премиерот Зоран Заев во предизборниот период за парламентарните избори, добиле само едно големо разочарување. Тие велат дека сега Заев како да ја потценува интелегенцијата и главно ветување му е чист воздух, а каде се работата, парите, иднината.

Во својот „План за живот во Македонија“ премиерот Зоран Заев гордо најавуваше дека ќе ги врател назад во државата младите кои се иселиле, но како и кога се во прашање најголемиот дел од ветувањата на СДСМ ова е премногу далеку од исполнување. Досега новата Влада нема реализирано ниту еден проект за младите, што како што велат самите млади е поразително за една држава.

Експертите велат дека со моменталните политики на новата власт бројот на исселените само ќе расте, бидејќи не гледаат начин како младите би се мотивирале да останат во државата.

Пред скоро една година Шеќеринска гордо се фалеше дека тие имале план како да ги задржат младите во Македонија, планот кој очигледно е само еден од многуте неуспешни планови и лаги на СДСМ.

–Имаме план како младите да останат тука во Македонија, тука да формираат семејство, тука да најдат работа, тука да ја градат својата иднина. ВМРО-ДПМНЕ и Груевски имаа десет години да го сторат тоа. Да понудат пристоен живот и еднaкви шанси за сите, но тоа не го сторија- изјави лани во ноември Шекеринска.

Пред две години пак премиерот Заев, за чие владеење младите интензивно се отселуваат од државава,  пред граѓаните ветуваше дека ќе ги враќал и оние веќе се иселени од државата.

–Ќе ја нормализираме нашата земја, ќе ги вратиме институциите, ќе отвориме квалитетни работни места за да го вратиме овој моќен извор во земјата, младата популација, и заедно да ја градиме иднината на нашето општество, изјави Заев во октомври 2015 година.

СДСМ пред изборите им ветуваше брда и долини на младите и студентите, а веднаш откако дојде на власт заборави на се она што го излажа пред изборите и им го сврте грбот на младите. СДСМ не даде поддршка на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери, а со тоа ги спречи студентите да добијат 18.600 денари за набавка на компјутери, кој беше само еден од многу проекти на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за младите.

Заменикот на Зоран Заев во партијата и сега министер за одбрана во Владата на СДСМ, Радмила Шеќеринска лажно ветуваше и младинска гаранција за граѓаните, која младите се уште ја чекаат, но новата власт заборави на ова веднаш откако седнаа во фотелјите, а младите се плашат дека ова ќе биде само уште една од многуте лаги искажани од Шеќеринска и Заев.

–Проектот гаранција за млади ќе значи дека државата ќе им гарантира на сите млади граѓани во Македонија, дека веднаш во завршувањето на образованието, во рок од 4 месеци или ќе може да го продолжи образованието, или ќе добие понуда за работа, или да добие можност за практика, обука или тренинг, со кои што ќе се прилагоди на потребите на некое работно место кое што е на располагање, пред изборите лажно ветуваше Шеќеринска.

Покрај оваа најнова мерка за „живот“, студентите ги паметат и не така одамна укинатите и стопирани мерки наменети за нив, како згаснувањето на дисперзираните студии, стопирањето на проектот 30/35 кој обезбедуваше финансиски поволности при студирањето за повозрасните граѓани со интерес за студирање, гласањето против законот за студентски ваучери за купување компјутери.

Младите гласно коментираат дека место да почне да работи за подобрување на нивниот живот, на животот на оние кои треба да ја градат иднината на државата, Заев и неговите кандидати за градоначалници тераат реторика на празни зборови, ветувања за некаков почист воздух, иако немаат никаков план како тоа да го направат. Тие на премиерот му порачуваат да не заборави дека најзагаден град во Македонија е Куманово, каде општинската власт е под контрола на СДСМ и Тетово, каде СДСМ даде поддршка за актуелната градоначалничка, кандидатката на ДУИ, Теута Арифи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top