Големата тројка од Мајами, Џејмс, Вејд и Бош, заедно имаа 85 поени, 30 скока, 14 асистенции, 10 украдени топки и 5 блокади за 2-2 во ова финале и голем петти меч во недела навечер, пак во Аламо.
Вејд и Бош навреме се разбудија за да му помогнат на одличниот Леброн во четвртиот натпревар од финалната серија. Џејмс постигна 33 поени, Вејд 32 поени и Бош со 20.
Сан Антонио направи дури 19 грешки на натпреварот, а тоа ги чинеше 23 примени поени. Имаа 44% прецизност од поле додека ривалот имаше преку 50% прецизност и добиена битка под кошевите. Паркер постигна 15 поени и 9 асистенции, Данкан 20 поени, а Џинобили додаде само 5 поени.
httpv://www.youtube.com/watch?v=n5npnYcA8xA
Сан Антонио Спарс – Мајами Хит 93-109 (2-2)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)