Голема нервоза во редовите на СДСМ. Скопјани со бојкот на митингот на Заев. Забележливо е дека граѓаните на главниот град се во мал број на улицата пред Владата каде што СДСМ го одржува својот централен митинг.
Оваа информација за слаба подршка на СДСМ во Скопје која провејуваше во политичките кулоари во изминатите денови, сега се потврдува на дело. Нашите извори велат дека свесни за оваа ситуација, во текот на изминатиот ден, соработниците на Заев вршеле огромен притисок во градовите во внатрешноста на државата, каде што со употреба на закани и со заплашувања ги приморувале луѓето да дојдат во Скопје.
И на овој план имало потфрлување, па Заев бил приморан да го моли Ахмети за ДУИ да се вклучи со собирање на народ од внатрешноста и негово носење на митингот на СДСМ.
Забележливо е дека СДСМ и ДУИ донесоа автобуси од цела Македонија, кои се паркирани на скопските улици, за пример булеварот Партизански е блокиран на две коловозни ленти. Исто е и со улицата накај Аеродром каде има доста паркирани автобуси. Сепак и оваа стратегија на Заев не испаднала позитивна во целост, и забележливо е дека на денешниот митинг на Заев се присутни помалку лица дури и во споредба со митингот на СДСМ кој се одржа во мај 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


