| четврток, 6 декември 2018 |

Николов: Граѓаните на Радовиш ја имаат моќта да одлучат за иднината на нивниот град

Нашата сила е нашиот народ, нашиот народ е нашата држава, во изминатиот период покажавме како изгледа да се гради, да се грижиш за своите сограѓани, да помагаш, да решаваш проблеми, да правиш реформи, нашата посветеност беше реализирана со многу проекти кои се во функција на нашите сограѓани, вели кандидатот за градоначалник на општина Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Николов.

-Денес луѓето многу лесно можат да направат споредба како било некогаш, а како е денес, делата нас не прават поразлични од другите политичари кои ветуваат само брда и долини и никогаш не ги испорачуваат резултатите. Она што ние го ветуваме е реално и остварливо, а она што нашите политички опоненти го говорат се празни зборови и многу често не реални ветувања, нашиот народ е мудар и добро знае за кого да гласа. Трудот, посветеноста, работата и држењето до дадениот збор е она што не разликува од нашите противници и тие во недостаток на сето ова прават се за да не дефокусираат и оцрнат со разни клевети, потенцираше Николов.

Тој додава и дека граѓаните на Радовиш ја имаат моќта да одлучат за иднината на нивниот град.

-Вие секогаш сте биле со ВМРО-ДПМНЕ, а на омразата на новата власт кон овој народ ние ќе вратиме со добрина, на нивниот неуспех ќе говориме со дела и со конкретни решенија за нашата општина. Сите заедно да ја покажеме силата на Радовиш и да тргнеме со големи чекори напред да чекориме кон новата победа на 15 октомври. Ајде заедно да работиме за нашата општина и за Република Македонија. Ние имаме издржана програма која со својот квалитет отскокнува од другата, нудиме јасни проекти и многу внимателно изработени, со точни рокови и со обезбедени средства за нивна реализација. Нема лажни ветувања, секој збор е одмерен, а ветувањата реални, го даваме зборот, а зборот ќе го исполниме и тоа е закон од кој нема отстапување. Ние ќе победиме на овие избори затоа што секој наш даден збори има голема тежина и ние со делата досега докажавме дека на нас може да ни се верува и она што ние го направивме во изминатите четири години во Радовиш е видливо и реално, истакна Николов.

Тој додава дека во изминатото реализиравме 200 проекти, а во новата програма која ќе донесе нова победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top