Не запираат скандалите околу одржувањето на ифтарската вечера и обавувањето на верски обред во училиштето во Радовиш, пишува „Инфомакс“.
Како што објавува порталот, Советот на родители побарал да закаже состанок во училиштето во врска со настанот, повеќе од 20-тина родители дошле, но претседателот на Советот ги одбил родителите да го реализира состанокот. Сепак, родителите инсистирале на состанокот и повеќе пати ја побарале директорката на мобилен телефон, а таа ги пријавила во полицијата. Полицијата им забранила на родителите да се собираат во училиштето, а добиле и закана дека ќе добијат кривични пријави.
Забрането е во училиштето да се говори за настанот, а во текот на денот дури шест деца биле испишани од училиштето и запишани во друго училиште. Уште една лага и манипулација околу настанот е дека градоначалникот не бил запознаен со настанот, пишува „Инфомакс“.
На верскиот обред присуствувал секретарот на општина Радовиш кој всушност е сопруг на директорката на училиштето. Токму поради оваа причина јасно е дека градоначалникот на Радовиш нема никаква намера да ја разреши директорката бидејќи нејзиниот сопруг е дел од неговиот кабинет.
Родителите обвинуваат и за непотизам во општината како и закани и притисоци да не се говори за настанот и да не се критикува директорката на училиштето и градоначалникот.
Според родителите, градоначалникот ги користи своите синови и нивните другари, да ги заплашуваат граѓаните во градот, а велат дека токму тие учествувале во неколку тепачки за време на изборите, евидентирани со камери. Настанот бил заташкан од страна на полицијата, а едниот од учесниците во тепачките кои сега ги заплашуваат граѓаните е претходно осудуван и отслужува условна казна. Родителите покрај паричната казна за директорката, бараат таа да си поднесе оставка како знак на морална одговорност, бидејќи поради нејзината постапка и самото училиште е оштетено односно треба да плати казна од 1600 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.