Речиси 950 илјади луѓе се собраа денеска во центарот на Барселона на протест против прогласувањето независност на тој регион од Шпанија, соопштија организаторите на протестот.
Многу од нив носат шпански и каталонски знамиња и транспаренти – Каталонија е Шпанија и Заедно сме посилни. Протестите се одржуваат под мотото: Доста е! Да се вразумиме! и ги организира Каталонското цивилно друштво.
-Каталонија и Шпанија се обединети пет векови. Никој и ништо не може да ги раздели, нагласи нобеловецот за литература Марио Варгас Љоса. Тој изјави дека големиот број денешни демонстранти укажува дека „голем број Каталонци се против независноста, превратот и го поддржуваат Уставот, законите и правната држава“. Се очекува Љоса (81) на крајот од протестот да прочита манифест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.