| четврток, 6 декември 2018 |

Ураганот „Нејт“ стигна до САД, до сега во ураганот загинаа 25 луѓе (Видео)

Ураганот „Нејт“ до сега усмрти најмалку 25 лица во Никарагва, Коста Рика и Хондурас и предизвика опасно свлечиште на устието на реката Мисисипи во Луизијана, соопшти Американскиот центар за урагани.„Нејт“ вчера од тропска бура зајакна во ураган од прва категорија, а во Централна Америка во текот на ноќта донесе ветришта кои се движеа со брзина од 137 км/чСпоред проценките на стручњаците за урагани, бурата во следните неколку дена ќе се задржи во Мисисипи, а потоа ќе се движи кон север на САД.

Вонредна состојба е прогласена во Лузијана и Мисисипи, а властите вчера наредија евакуација на одредени крајбрежни области.

„Нејт“ го подигна и нивото на морето поради што на жителите во многу крајбрежни градови им се закануваат поплави.

Како што пренесуваат американските медиуми, илјадници трупи од Националната гарда ангажирани се на следење на состојбата на терен во Њу Орлеанс и други делови со пониска надморска висина.

Американскиот претседател Доналд Трамп порано и дозволи на Луизијана да побара сојузна помош за време на подготовките за ураганот „Ирма“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top