| четврток, 6 декември 2018 |

Нејмар со тужба барал Барселона да ја исфрлат од Лигата на шамионите

Нејмар ја тужел Барселона поради неисплатен бонус за лојалност. А Лига 1 од следната сезона од ТВ права би можела да заработува како и Премиер лигата, која досега има најголема заработка.

Нејмар побара од УЕФА да ја исфрли Барселона од Лигата на шампионите, тврди АС. Причината за таквата одлука е фактот дека Каталонците не му исплатиле бонус за лојалност во вредност од 26 милиони евра.

Но, УЕФА сепак не го прифатила неговиот предлог па својот бонус ќе мора да го бара преку суд.

Поради светската слава на Нејмар, препознатливоста насекаде во светот и маркетишкиот потенција, Лига и би можела наскоро да преговара со ТВ куќите за ново договор за правата за пренос на натпревари.

Блумбер, американска медиумска компанија специјализирана за финансии, тврди дека Лига 1 баш поради Нејмар, за следната сезона би можела да 1,2 милијарди од ТВ правата, што би бил вистински џекпот за Францизуте.

Со таков пораст француската лигата би можела да има иста заработка од пренос на натпревари како и англиската Премиер лига, која досега имаше најголем договор со ТВ куќите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top