| четврток, 6 декември 2018 |

Ги убил жената и синот, го запалил домот и се самоубил

Полициски службеник со дваесетгодишно искуство во полицијата на Лас Вегас си го убил семејството по што ја запалил куќата во која живеел и на крајот си го одзел животот.

Според информациите поручникот Ханс Волтерс пред да испука куршум од службениот пиштол во својата глава се јавил на дежурниот диспечер во полицискиот центар за информации признал дека ги убил синот стар 5 години и сопругата (46) по што се заканил дека ќе пука на полицајците доколку дојдат во неговата куќа.

Откако Волтерс бил повикан од полициските специјалци кои дошле на местото на инцидентот да го спушти оружјето тој се вратил во куќата која горела и си го одзел животот.  Според полицијата во градот на коцката инцидентот се случил во понеделникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top