Цело семејство завршило во болница откако јадело спанаќ купен во супермаркет во Милано, Родителите и нивните два сина примени се во состојба на конфузија со различна јачина и амнезија, а по прегледот лекарите заклучиле дека кај сите четворица дошло до интоксикација. Подоцна, како што пишува Кориере дела сера, им раскажале на лекарите дека подготвувале замрзнат спанаќ од позната трговска марка купен во истот олку познат синџир маркети.
Така било утврдено дека со листовите спанаќ биле измешани листови мандрагора, билка со многу слични листови на нистовите на спанаќот, но халугиногена.
За да биде ситуацијата побизарна, овој случај е втор во Милано, Во почетокот на месецот од истата билка се затрул маж, кој купил спанаќ од друг производител во друг синџир маркети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.