Спанаќот, зеленчукот кој многу деца не сакаат да го јадат, а се присилени од своите родители, не е толку богат со железо како што се веруваше досега, тврдат германските научници.
– Ова е една од најпознатите грешки на нутриционистите – вели Хелга Штрубе од германскиот сојуз на нутриционисите.
По спроведениот тест за количината на железото во спанаќот, некој тогаш погрешно евидентирал дека на 100 грама спанаќ има 35 до 40 милиграми железо.
– Но, точниот податок е 3,5 до 4 милиграми. А тоа не е доволно да имате мускули како Попај – вели Штрубе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.