Легендарната југословенска глумица Јелисавета Сека Саблиќ деновиве ја шокира јавноста со признанието дека имала можност да проба тешка дрога, поради која имала халуцинации.
Отакако публиката остана подзината со нејзиното признание, таа за Блиц коментира како дошло до тоа.
-Што е толку чудно? Тоа се глупости и будалаштини. Пробав од љубопитност. Живееме во гома и секој сака кал. Некој се осмелува да коментира за мене на мои 70 и кусур години, да ме покажува со прст дали се дрогирам или не, а јас ви ја подарив таа приказна како анегдота.
– Не треба да пливате по ѓубре, толку имам да ви кажам, порачува Сека преку Блиц.
Во најновата серија во која игра, „Немој да звоцаш“ во една сцена таа пуши марихуана, а признанието доаѓа како коментар токму на таа сцена.
– Никогаш не сум била кукавица, па да ми е страв да пробам дрога. Бев со колега во Мексико и се договоривме да земеме нешто. Не сакавме марихуана ни хашиш, па пробавме некоја баш јака дрога. Имав страшни халуцинации, раскажува Сека, но не открива детали за халуцинациите.
– Ајде, оставете ме, прашајте некој друг што халуцинирал кога пробал дрога, а не мене.
Меѓутоа, актерката не крие дека е силен противник на секој вид дрога.
– Toа e ѓубре, гомно, бегајте од тоа како од ѓавол. Би апелирала младите да не наседнат на приказните дека марихуаната не е дрога, искрена е актерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.