| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Бела Црква: Додека пиеле на маса го избол до смрт, па се обидел да му ја силува девојката

Јон Мезимка наречен Мујо убиен е убиен во четвртокот навечер околу 22 часот во Бела Црква. Според сознанијата за убиството е осомничен Иво Новаков, кој неодамна излегол од затвор каде одлежал поради тешки кражби.

Новаков и Јон Мезимка седеле во друштво на девојка и пиеле кога дошло до кавга. Пијаниот Новаков извлекол нож и го избодел Јон Мезимка кој починал на лице место. Тргнал и кон девојката со намера да ја силува.

Тој е осомничен дека Јон го усмртил со повеќе убоди од нож во пределот на градите.

Жената која е сведок на убиството се здобила со полесни повреди од страна на убиецот Новаков и е сместена во Здравствениот дом и не е животно загрозена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top