–Ќе видиме, ќе смениме, ќе направиме… Дали ваквото големо „ЌЕ“ на Заев за што е поврзано со РЕК Битола и загадувањето, не се ништо друго туку купување време за најголемиот бонбона бизнис на Балканот вреден 2 милијарди евра: – продажба на најпрофиталбилниот монопол во Македонија, ЕЛЕМ. Тоа што вице-премиерот на Заев, Кочо Анѓушев сам на себе си додели тендер од 2,6 милиони евра, ќе ни изгледа како детска приказна споредено со она што може да се случи со „специјалниот“ ангажман на српскиот државјанин Алеклсандар Обрадовиќ кому експресно му дадоа и македонско државјанство.
Ова денеска го изјави Благој Шаклевски од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, додавајќи дека медиумите во соседството веќе на големо го најавуваат најголемиот, како што рече, мега бонбона бизнис на Балканот вреден дури две милијарди евра.
–Ова ќе значи: Неконтролирано поскапување на струјата, за чија цена ќе одлучува приватен странски сопственик. Неизвесна судбина на 4800 семејства на вработените. Ставање на целата енергетската стабилност и безбедност на државата во рацете на странец. Продажбата на ЕЛЕМ – значи продажба на РЕК, сосе термоелектраните и рудниците, со хотелот Молика, скијачката патека на Пелистер, па дури и на Копанки во пакет сосе готовиот проект на ЕЛЕМ за негова за реконструкција. Дали, ветувајќи чист воздух, филтри и отпепелување, за да добие на време, Зоран Заев им работи зад грбот на Битолчани и безобразно си поигрува со судбината и со лебот на илјадници вработени во РЕК, истакна Шаклевски.
Посочи дека ако на 15 октомври заеднички не ги спречиме ваквите црни планови на Заев, Битола ќе се соочи со најголемиот економски и социјален колапс во својата историја, спрема кој ТАТ ќе ни изгледа како мала шега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Врие во ЕЛЕМ: Вработените да се заштитат се самоогранизираат во свој синдикат!
-
ЕЛЕМ: Бесијана Џафери и Димитар Грчев имаат завршено високо образование
-
Анѓушев ја продаде ЕДС: За мене е ова и тажен и среќен ден. Таа е мое дете!
-
И Магдалена Несторовска, државната секретарка на МВР си го вработила сопругот во ЕЛЕМ