| четврток, 6 декември 2018 |

Трајковски: Нови детски игралишта, нова урбана опрема и нови фитнес зони во Гази Баба


Во изминатите осум години во секое населено место се изградија 47 детско забавни катчиња, места кои нашите најмлади го користат за дружење и забава, вели Тони Трајковски, кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ќе продолжиме со изградба на детско забавни катчиња во секоја населба и во секое населено место. Ќе продолжиме со поставување на фитнес справи, како и урбана опрема во парковите. Ќе продолжиме со изградба на трим патека на падините на Скопска Црна Гора, во паркот Гази Баба, како и ќе направиме доуредување на патеката покрај Кејот на Вардар, од Ќерамидница кон Трубарево, место кое граѓаните можат во иднина да го користат за пешачење и возење велосипед, истакна Трајковски.

Тој верува дека со реализација на овие проекти ќе придонесат младите повеќе да спортуваат.

-Во делот на урбаната опрема ќе поставиме 500 нови клупи и канти за отпадоци. Ќе изградиме 20 нови летниковци, вели Трајковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top