Изградба на нова детска градинка во рамки на градинката „Сонце“ во Реонски центар – Аеродром со четири нови занимални и зголемување на капацитетот за згрижување на уште 120 деца, најави денеска кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери Ивица Конвски.
При денешната посета на Реонски центар, Коневски вети и изградба на пешачка патека што ќе го поврзе со населба Лисиче, изградба на репрезентативна општинска зграда за потребите на општинската администрација, како и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација пред ОУ „Александар Македонски“ и градинката „Сонце“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.