| четврток, 6 декември 2018 |

Холанѓанка починала во хотел во Охрид

Седумдесет и двегодишната  В.Т.М. од Амстердам,  Холандија, пронајдена е почината во хотел во Охрид.

Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во 10:05 часот во Охрид било пријавено дека на ул.„Питу Гули“ во хотелска соба била пронајдена почината В.Т.М.(72) од Амстердам, Холандија.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено во Судска медицина-Битола за обдукција. Увид извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top