Во просториите на Град Скопје денеска се одржа конференција на тема: „Стратегија за млади на град Скопје“, која е дел од проектот „Креирање на локална младинска стратегија за град Скопје“. На конференцијата присуствуваа невладини организации, претставници на скопските oпштини, како и професори од средните училишта на град Скопје.
Конференција има цел да придонесе за подобро креирање на нацрт-стратегијата за млади на град Скопје преку дефинирање на приоритетните насоки и цели. На оваа конференција ѝ претходеше процес на утврдување на потребите на младите преку спроведување анкетно истражување во десетте општини кои припаѓаат на Град Скопје.
На официјалното отворање на конференцијата воведен говор имаа Гордана Цекова, раководител на сектор за млади во Агенција за млади и спорт на Р. Македонија, и Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА.
Ова е втора ваква конференција, по онаа што се одржа во ноември минатата година. На конференцијата во 2012 година беа изложени наоди од младински истражувања кои укажуваат на националната состојба во сферата млади и младинската политика, притоа тие истражувања се осврнуваат на конкретните области кои ги третира и Националната стратегија за млади. Во рамки на конференцијата се реализираа 4 работни групи кои покрија 8 области кои се дефинирани во Националната стратегија за млади и тоа: образование; младинско самовработување; квалитет на живеење; здравство и превенција; партиципација на младите; младинско информирање; култура; локална младинска работа. Со цел да се истражат специфишните потреби на младите луѓе на ниво на град Скопје, Коалицијата СЕГА и Град Скопје спроведоа анкета на репрезентативен примерок од 591 млади луѓе од 10 општини на територијата на град Скппје. Со анкетата беа опфатени млади на возраст од 15 – 29 години од сите етнички заедници во Македонија. Анкетата опфати прашања од дефинираните 8 области според Националната стратегија за млади, а се спроведуваше од млади луѓе/анкетари. Резултатите од Анкетата имаат за цел финално дефинирање на долгорочните цели и мерките во рамки на локалната младинска стратегија за град Скопје. Анкетата покажа дека од сите прашања најгорливо е прашањето на самовработување на младите.
Од Конференцијата, се очекува да се искристализираат најважните точки на дејствување што до крајот на летото треба да бидат втемелени во еден унифициран документ, насловен како „Стратегија за млади на град Скопје 2014-2018“, што ќе биде промовиран и за којшто ќе се расправа на следната средба закажана за почетокот на месец септември годинава. До сега Стратегии за млади се изготвени во Општина Илинден и во Општина Кисела Вода и во десеттина други Општини во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.