| четврток, 6 декември 2018 |

Не сакал да плати за услугата во хотел, па скокнал од 19-ти кат (Видео)

Решил да не ја плати сметката во хотелот и да замине преку прозорецот.Можеби оваа ситуација и не би била толку чудна ако не станувало збор за соба на 19. кат, и ако неговата “мисија” да дојде до слобода не вклучувала бегање до друга зграда преку телефонските кабли.

Како што може да се претпостави, неговата мисија не завршила успешно. На снимката јасно се гледа дека мажот виси од 60 метри високи кабли.

За негова среќа, полицијата успеала да реагира на време.

“Мажот минал без повреди и сега е безбеден”, било соопштено од полицијата.

Видео-снимката на социјалните кинески мрежи била прегледана повеќе од 7 милиони пати.

Останало непознато поради кој износ овој маж се одлучил на вакво бегство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top