| четврток, 6 декември 2018 |

Забранетиот остров на кој се доаѓа само со покана (Видео)

Тука нема улици, хотели ни супермаркети. Еднаш неделно брод носи потребни намирници, а во случај на опасност, на располагање е хеликоптерот на сопственикот. Главно превозно средство се велосипеди и коњи.

На прв поглед островот Нихау делува како идеално место за одмор. Тоа е најмалку населено островче на Хаваите, а се простира на околу 180 км2 на западниот брег на Кауаи.

Во овој тропски рај окружен со Тихиот Океан, температурите на воздухот преку целата година се меѓу 20 и 30 степени Целзиусови, а плажите се полни со ретки школки.

Меѓутоа, само ретки може да го посетат. Се нарекува забранет остров затоа што е во приватна сопственост, а до него се стигнува само на повик.

Кралот Камаханеха IV го продал Нихау во 1863 година на Елизабет Синклер за 10.000 американски долари, а нејзините наследници – семејството Робинсон – управува со островот повеќе од 100 години.

Пописот на жители од 2009 година покажува дека на островот живеат 130 луѓе, но можно е во меѓувреме да пораснал на 250.

Жителите немаат мобилни телефони ни водоинсталација, а електрична енергија добиваат преку соларни панели.

Сопствениците сакаат да ја одржат хавајската култура, па на Нихау само малкумина зборуваат англиски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top