| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев: Би сакал со уште еден гол да го испратам Буфон во пензија

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев утре повторно ќе се сретне со Џиџи Буфон чија мрежа ја тресел неколку пати во Серија А.

Македонија утре од 20:45 и гостува на Италија во квалификациски меч за СП 2018. Азурите се голем фаворит, но македонскиот капитен се надева на изненадување и нов свој погодок во мрежата на Буфон.

„Знаеме дека Италија е голема репрезентација. Им недостасуваат неколку фудбалери, но има играчи кои ќе ги заменат и кои можат да бидат опасни за нас. Ние сме подготвени, на последните натпревари игравме добро. Се надеваме дека утре ќе одиграме добар натпревар па ќе видиме што ќе биде“, изјави Пандев на денешната прес конференција.

„Знаеме дека Италија е фаворит, но ако одиграме како на натпреварот во Скопје, се може да се случи“.

„Тоа што имаме играчи кои играат во Италија може да ни биде од корист. Знам дека дефанзивците на Италија се силни, можеме не можеме да постигнеме многу голови, но се надевам дека ќе одиграме добро“.

„Буфон е голем голман и голем човек. Ги сакам средбите со него. Му имам дадено 4-5 гола, но тој победил на многу натпревари против мене. Се надевам дека ќе му дадам уште еден гол бидејќи тој речиси е пред крајот на неговата кариера, а исто и јас. Добро би било да дадам гол, да одиграме нерешено и на крајот сите да бидеме среќни“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top