| четврток, 6 декември 2018 |

„Гугл“ не плаќал данок во Британија

Поради избегнување на плаќање на данок на профит кој е остварен во Велика Британија, Комитетот за финансии на Долниот дом на британскиот Парламент денеска побара да се покрене истрага против американскиот гигант „Гугл“, јавува „Скај“.

Имено Комиетот во својот извештај наведува дека Гугл во Велика Британија е застапен преку својата филијала во Ирска која пак има најниска стапка на корпоративен данок во еврозоната, со што го одбегнува плаќањето данок во Велика Британија за остварените приходи.

Исто така во извештајот се наведува дека поранешни вработени на Гугл потврдиле дека биле директно вклучени во продажба на територијата на Велика Британија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top