Познатиот скопски криминалец Јане Тица, на својот фејсбук профил објави фотографија со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и кандидатот на партијата за градоначалник на Аеродром, Златко Марин.
Се поставува прашањето, што прават кандидатите на владејачката СДСМ со човек од ваков калибар кој во минатото важеше за еден од попознатите мафијаши во Скопје?!
Каква помош тие би добиле од Тица? Освен можеби во евентуални изборни нерегуларности и насилство.
Јане Тица е веќе добро познат член на скопското подземје. Деликвент е од малолетник. Многу пати е осудуван и е во најмала рака е соучесник на тешки кражби и пљачкосувања, насилства и нанесување тешки телесни повреди, физички пресметки и досега неколку престрелки.
Тица иако голем играч и добро познат низ Скопје официјално се „прослави“ со убиството на Ромео Живиќ на 29 Март 2004 година. Убиството се случи пред кафичот Блу Кафе во центарот на Скопје во близина на Стоилко. После испаѓањето од кафичот наводно имало вербална расправија помеѓу Јане Тица од една страна а на противничката страна биле Ромео Живиќ и Љуљзим Рамадани Џими по што набрзо ги извадиле пиштолите сите тројца и почнале да пукаат. Ромео бил најтешко погоден и тој всушност му бил и целта на Тица. Освен Ромео немаше други повредени а за ова убиство му се судеше на Тица и одлежа затворска казна од 5 ипол години.
После испаѓањето на Тица од затвор не престанаа проблемите околу него. Јане Тица имаше тепачка во кафичот Кинг во Горно Лисиче во септември 2009 каде брзо реагирала полицијата и немало посериозно повредени освен двајцата кој се тепале Тица и противникот.
Во меѓувреме додека му се судеше се уште на Тица за Ромео некаде 2006 година имаше голема фама дека побегнал од затвор или дека испаднал од државата зошто цели 40 дена го немало никаде Тица а била пуштена и потерница подоцна наводно докажаа дека се работело за недоразбирање и Тица за тоа време не се криел никаде него лежел во болница.
Инаку во август 2010 година Јане Тица повторно беше инволвиран во инцидент во кој наводно: Тица отишол дома кај свој пријател во алкохолизирана состојба при што не биле во добри односи со пријателот кај што бил и набрзо избувнала голема кавга која била пријавена во полиција од страна на комшиите и се сметаше дека кога пристигнале алфите на еден од нив Тица му удрил бокс по што полицаецот изгубил свест па набрзо го совладале Тица.
Имаше наводни тврдења дека е местенка и дека Јане Тица никој не удрил, но си доби пресуда од осум сесеци затворска казна. Јане Павловски Тица беше инволвиран и во случајот „Ликвидација“ за убиството на стариот човек во Ореше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Шилегов дозволил плаќање на рати на комуналиите за зградата кај „Мајчин дом“