Десетици илјади луѓе облечени во бело ќе се соберат на „тајна“ локација во Париз, ќе постават маси, храна и шампањ и ќе вечераат до полноќ за годинашната „Бела вечера“, јавува „Он нет“.
Традицијата започнала пред 25 години кога група од десет авантуристи сакале да вечераат на забрането место во Париз, и завршиле вечерајќи заедно со уште 200 луѓе во Jardins de Bagatelle, поранешното игралиште на француските кралски лица, вклучувајќи ја и Марија Антоанета.
Оваа година, илјадници пријатели кои си ги поканиле пријателите (кои поканиле свои пријатели) ќе ја дознаат локацијата на нивната вечера, која е добро чувана тајна на организаторот сè до последен момент.
Локацијата што се бира мора да е престижна, како Нотр Дам или Версајскиот дворец.
Овој собир ја покажува „моќта на човечкото поврзување и соработка“, а на таа тема сега има и документарен филм со наслов Diner En Blanc во кој меѓу другото, се објаснува дека традицијата се проширила и во други градови ширум светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


