Денес ВМРО-ДПМНЕ презентираше нов скандал кој како што велат ја потврдува спрегата помеѓу Државната изборна комисија задолжена за организирање на изборите со СДС како партија на власт.
–Имено Љубица Јанчева која е втора на советничката листа за град Скопје од СДС е сопруга на Генералниот секретар на Државната изборна комисија Добре Јанчев. Во овој случај постои очигледен судир на интереси. Значи Генералниот секретар на ДИК во секоја одлука ќе фаворизира и ќе работи во насока на интересите на својата сопруга и нејзината политичка опција СДС. Значи сопругот организира избори, а сопругата ја избираат за советник. Ова е врв на непотизам и судир на интереси, рече Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласи дека ова е круната на пристрасноста на ДИК која сега ни е јасно зошто ги толерира бројните престапи.
–Имаме случаи κаде што пρетседатели на општинсκи избоρни κомисии се слиκаат во пρвите ρедови на паρтисκи κонфеρенции и агитиρаат на теρен за паρтисκи цели на СДС. Дали и поκρај овој сκандал ДИΚ ќе пρодолжи да молчи? Јавно го пρашуваме Чичаκовсκи κоја е цената на ова молчење? Зошто пρодолжува да се става во фунκција на Зоρан Заев и неговиот незаκонсκи начин на владеење?, рече Атанасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)